На овие луѓе (па и на кучето) треба секој ден да им се заблагодаруваме: Многу е мал збор, направија живот пред смрт

Пресвртна точка во модерната медицина.
Во 1922 година на Универзитетот во Торонто, Канада, научниците отидоа во болничко одделение со деца кои беа во кома и умираа од дијабетична кетоацидоза.
Замислете соба полна со родители кои седат покрај креветот и ја чекаат неизбежната смрт на своето дете. Научниците оделе од кревет до кревет, вбризгувајќи им на децата нов прочистен екстракт - инсулин.
Кога на последното дете му вбризгале инсулин, првото дете на кое му вбризгувале се разбудило од кома. Едно по едно сите деца се разбудија од дијабетична кома. Собата на смртта и темнината стана место на радост и надеж.
Благодарност до лекарите Фредерик Бантинг и Чарлс Бест, кои ја добија Нобеловата награда за физиологија или медицина следната година за нивното откритие на инсулин.