На Сашко Кедев ни големите висини не му се повеќе граница: Кардиологот суверено на врвот

За некои искачувањето на планини е страст и предизвик, но искачувањето на највисоките врвови на светот претставува подвиг кој е за поздрав. Посебно затоа што се работи за екстремни услови каде нивото на кислород е значително намалено, а непристапните ледени терени не дозволуваат понатаму...

Но...

Познатиот македонски кардиолог и член на Македонската академија на науки и уметности, Сашко Кедев беше дел од 24-члена експедиција која на 22 јули лани меѓу 8 и 9 часот по локално време во Пакистан го искачила вториот највисок врв на светот К2.
Предводени од врвните шерпаси и лидерот Мингма Џи (негово четврто искачување на К2), сите алпинисти успеале во намерата да се искачат на 8.611 метри високиот К2, втор највисок на светот по Монт Еверест (8.848).
К2 претходно го искачи и нашиот врвен Хималаист Здравко Дејановиќ од Скопје.
Сашко Кедев стана првиот и единствен Македонец, кој има искачено четири врва од 14-те тн. „осумилјадарки“ (над 8.000 метри). Во април лани го освои Даулагири, седмиот највисок на светот (8.167), а лани Манаслу, висок 8.163 (осми во светот). Во 2009-та се качи на врвот на Монт Еверест.

А сега нов подвиг: 

Десетмина планинари, меѓу кои и Кедев, се искачија на врвот Нанга Парбат (8.125 м.) на планинскиот масив Каракорум во Пакистан, јавува „Nepal News“

Во 10:40 часот по локално време, тим од петмина алпинисти од повеќе земји, како и петмина непалски шерпаси, успешно се искачија на врвот, кој е деветтиот највисок во светот.

По Нанга Парбат, д-р Кедев со истиот тим ќе се искачи и на GI и GII (Гашербрум 1 и 2), два други врва во Пакистан повисоки од 8.000 метри. По ова, тимот ќе учествува и во експедицијата на К2 (8.611 м.) – вториот врв по височина во светот.

Браво