Најчудниот храм во светот: Гледате и сами зошто, а ако видат бел стаорец...
Храмот Карни Мате е еден од најчудните храмови во светот.
Оваа зграда во Индија е дом на повеќе од 20.000 стаорци, кои не само што се хранат и слободно шетаат, туку имаат статус на божество, а огромен број луѓе го посетуваат овој храм. Овие свети животни се нарекуваат „кабас“, а луѓето одат долг пат за да им оддадат почит на овие глодари.
Стаорците се наоѓаат апсолутно насекаде во овој храм. На кваки, огради, собрани околу големи контејнери со млеко, кокос и друга храна што може да се сретне низ храмот.
Посетителите на овој храм мора да се движат исклучително внимателно, за случајно да не згазат стаорци. Ако некој од посетителите згази стаорец, тој мора да го замени со стаорец од суво злато.
Стаорците се заштитени од птици и други предатори со решетки кои го опкружуваат целиот двор на храмот, а свештениците и нивните семејства живеат во храмот и се грижат за „светите глодари“, ги хранат и чистат по нив.
Се смета за особено свето ако во храмот се види бел стаорец, за кој се верува дека е реинкарнација на божицата Карни Мата и нејзините четири сина, а јадењето храна претходно изглодана од стаорци се смета за благослов.