Најголемиот грабеж на криптовалути стана бизарен: Хакерите ги враќаат затоа што не ги интересираат парите

Постојат неколку адреси на кои хакерите можат да вратат пари

Повеќе од една третина од 613 милиони долари во криптовалути што беа украдени од финансиската платформа Поли Нетворк - беа вратени. Хакерот изјавил дека тоа го направил за забава.

Да потсетиме, овој грабеж е наречен еден од најголемите грабежи на криптовалути откако постои индустријата.

Околу еден ден откако стана жртва на најголемиот грабеж во историјата на криптовалутите во однос на износот на украден имот, Поли Нетворк објави дека наводниот сторител или хакери вратил околу 260 милиони долари биткоини, етериум и други токени што биле украдени.

Според платформата, од четвртокот вечерта, се‘ уште недостасуваат уште 353 милиони американски долари од украдениот имот.

- Износот на пари што го пробивте е најголемиот во историјата на децентрализирани финансии. Парите што ги украдовте доаѓаат од десетици илјади членови на крипто заедницата ... треба да разговарате со нас за да најдеме решение - објави Поли Нетворк.



Мрежата Поли ги повика членовите на екосистемот за криптовалути да "стават црна листа" на сопственост која доаѓа од адресата која напаѓачот ја користел за "вшмукување" на средствата.

Сервисот за размена на криптовалути „Бајанс“ соопшти дека се координира со сите партнери за безбедност, со цел активно да помагаат.

Мрежата Поли ги поврзува блоковите на различни виртуелни валути со цел меѓу нив да создаде интероперабилност. 

Финансиската платформа Поли Нетворк создаде неколку адреси на кои хакерите можат да ги вратат парите.



Фото: Pixabay

Извор: telegraf.rs