Најистакнат општествено одговорен проект во високото образование - аплицирајте за стипендија и студирајте на МБУ!

Доколку имате остварено добар успех во средното образование, а сé уште не сте решиле каде ќе го продолжите своето образование, идеален избор може да претставува Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) кој е еден од најдобрите универзитети во земјава и кој според Шангајската листа е прогласен за најдобро рангиран универзитет во областа на наставата и учењето. Со настава која се одвива целосно на англиски јазик, со современи студиски програми кои им овозможуваат на студентите безброј можности да започнат кариера веднаш по дипломирањето, меѓународно образовно опкружување со студенти од околу 20 земји, со кампус од светска класа во Скопје и што е најважно, со можност за добивање стипендии до 100%, МБУ вистински нуди извонредни можности. Најдобар доказ дека сé повеќе млади ги препознаваат сите предности кои тој ги нуди е фактот дека, според податоците на Државниот завод за статистика за академската 2020/2021 година, МБУ денес е најголем приватен универзитет во земјата, односно има најмногу студенти во споредба со другите приватни универзитети во државата.

Нивото и квалитетот на образовниот процес што ги нуди Универзитет се зголемува со програмите и договорите за студентска мобилност, односно можност за размена преку договори што МБУ ги има со над 150 универзитети во 40-тина земји од Европа и светот, преку европската мрежа за студентска мобилност Еразмус+. Создавањето интернационален кадар кој, според досегашното искуство, успешно се соочува со предизвиците на глобалните компании, е резултат и на силната и блиска соработка што Универзитетот ја има со компании од земјава и странство каде секојдневно се нуди квалификуваниот кадар произлезен од МБУ, подготвен да се соочи со секој работен предизвик.

Со цел на младите талентирани и квалитетни средношколци да им понуди можност да станат дел од Меѓународниот балкански универзитет, истовремено како општествено одговорнависокообразовна институција целосно посветена на поддршката на образованието и науката во Република Северна Македонија и балканскиот регион, Универзитетот секоја година обезбедува стипендии кои во изминатите 15 години, колку што постои МБУ, ги искористија над 1500 средношколци. Од минатата година основен услов за добивање стипендија е остварениот успех во средното образование, а само лани  беа доделени над 300 стипендии на успешни средношколци.

Програмата за стипендирање овозможува добивање целосна стипендија за оние средношколци кои се прогласени за најдобри во генерацијата, а 80% стипендија важи за оние со среден успех 5.00 и за нив трошоците по семестар ќе изнесуваат 200 евра. За учениците со успех од 4.50 до 4.99 е предвидена стипендија од 70%, односно семестарот ќе ги чини 300 евра, а за оние со успех меѓу 4.00 и 4.99 стипендијата е 60%, односно школарината по семестар е 400 евра. Стипендија во висина од 50% и плаќање школарина од 500 евра по семестар можат да добијат средношколци со среден успех од 3.00 до 3.99.

Програмата за стипендии на МБУ за академската година 2021/2022 се однесува за идни студенти од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Добиената стипендија важи и за Подготвителната програма за англиски јазик за кандидатите кои немаат потребно владеење на англискиот јазик.

Идните студенти можат да аплицираат за стипендии за седум факултети со 18 програми за додипломски студии во различни области, како што се компјутерско инженерство, архитектура, психологија, банкарство и финансии, графички дизајн, односи со јавност и маркетинг комуникации, јазици и други.

Аплицирањето за стипендии е во тек и ќе трае до 30 септември, односно до пополнување на предвидените квоти за студенти. Сите заинтересирани идни студенти можат да аплицираат онлајн на https://www.ibu.edu.mk/scholarships/

ПР објава