НАЈМНОГУ КОМЕНТАРИ ЗА ТОА КАДЕ Е БАЛКАНОТ: За Словенците е долу, Хрватите велат Белград, Грците објаснуваат, таму горе, а сите останати...

Видеото на познатиот историчар Славој Жижек го привлече вниманието на Балканот.

Славој Жижек е словенечки филозоф, културен критичар и теоретски психоаналитичар. Тој е познат по неговата интерпретација и надградба на теоријата за психоанализа на Жак Лакан, која ја применил во поп-културата и социологијата. Тој им припаѓа на филозофите на постструктурализмот и припаѓа на групата мислители инспирирани од марксизмот.

Овој историчар објави видео на Јутјуб во кое објаснува каде е Балканот и како различните народи во Европа го доживуваат. Клип од видеото стана вирален на TikTok каде корисниците имаа многу позитивни реакции на неговата теорија.

Своето видео го започна со прашањето: „Па каде е Балканот, ова е стандардна шега, ајде да ја направиме целата теорија“.

„Овде ја имаме Словенија и сите ќе ви кажат дека е долу, пониско (покажува на делот после границата). Ако прашате Хрват каде е Балканот, тој ќе ви каже дека се Централна Европа и католици, а Белград, Србија и православната вероисповед е Балканот. Ако го прашате Србинот ќе ви каже дека некаде Сараево, Косово е вистинскиот Балкан. Сепак, иронијата е што ако одите уште подолу, наеднаш Балканот е горе. Грците, ќе ви кажат: „Ние Грците, водиме потекло од Европа, овде горе се Балканските Планини. Повеќе инфо за оваа тема и видеото погледнете ги на Фактор.мк