Најскапата ПИЦА на планетата! Чини неверојатни 10.000 евра, а еве од што е направена (ФОТО)
Италијанскиот готвач Ренато Виола со години е недофатлив во
светот на гастрономијата. Многу малку луѓе ја пробале неговата специјална пица
наречена „Луј XIII“, а причината е цената – чини 10.000 евра!
Пицата е со дијаметар од 20 сантиметри, но самата подготовка и филот се многу специфични и луксузни. Нараснувањето на тестото трае дури 72 часа, се користи посебена вид сол, а содржи три различни видови фин кавијар, свеж норвешки јастог, како и седум различни видови сирења.
The pizza Louis XIII is the world’s most expensive pizza, at a cost of $12,000. It was created by chef Renato Viola and the toppings include three types of caviar, red prawns, Mediterranean lobster and sea cicada. It is only 20 cm (8 inches) in diameter. #FactManiac pic.twitter.com/YZ4Wj2YHMK
— Fact Maniac (@factmaniac) September 2, 2018
Ниту пакувањето за ваква пица не може да биде обично! Шефот Ренато лично го подготвува и го носи на адресата заедно со уште двајца асистенти.
Тие служат во специјални чинии, како и пијалаци за вкусен оброк. Поточно, готвачот со себе носи коњак „Remy Martin Louis XIII“, шампањ „Krug Clos du Mesnil 1995“ и ракија „Cardenal Mandoza Sanchez Charte Romate Fino“ за кои смета дека е исклучително важно да се комбинираат со пицата што ја подготвува.
The world's most expensive pizza is called the Louis XIII. It can be found in Salerno, Italy, and costs $12,000. pic.twitter.com/TrltMZD6K4
— SERIOUSLY STRANGE (@SeriousStrange) September 24, 2017
Ако се пресмета дека пицата чини близу 10.000 евра и дека е исечена на осум дела, како што обично се прави, тогаш парче од оваа пица чини околу 1.000 евра! Бон апетит!
Фото: Твитер