Најтајната вила на Тито: Вилата Билјана во Охрид, за неа не се знае скоро ништо
Доколку истражувате на интернет за вилите за доживотниот претседател на бившата СФРЈ, ќе наидете на богати информации. Можете да ги видите со фотографи и видеа сите 34 вили на Маршалот распоредени на стратешки, најубави локации низ целата поранешна земја.
Тоа се зданија од кои застанува здивот, отмени резиденции изградени со најскапи материјали, а внатрешноста луксузна како да сте во замок на некој европски кралски благородник. Сите 34 вили го немаат поранешниот сјај денес, но најголемиот дел се сочувани и автентични.
*Дворецот Брдо, Крањ- Словенија
Неколку се извојуваат како вистински раритети, посебно дворецот Тиквеш во Хватска и Белата вила на островот Бриони.
*Дворецот Тиквеш
*Белата вила- Бриони
*Потоа вилата Ванга, исто на Бриони, вилата Далмација во Сплит.
Вилата Галеб во Игало и вилата Миочар на Свети Стефан- Црна гора
*Потоа вилата Мир и Белата палата во Србија
Вилата Блед, на Бледското езеро- Словенија
Овие зданија се очувани, отворени за туристи и претставуваат еден вистински времеплов... Останатите се руинирани, некои во фаза на реставрација. А само една е можеби најголемата тајна кога се во прашање вилите. Се работи за нашата- вилата Билјана во Охрид.
Позиционирана на клиф со најубав поглед на фантастичното Охридско Езеро, вилата Билјана беше една од официјалните летни резиденции на Јосип Броз Тито.
Многу малку информации се достапни за историјата на овој имот, како, кога бил изграден (веројатно во доцните 50-ти / раните 60-ти), кој архитект ја дизајнирал или колку време точно поминал Тито тука. Сепак, она што е познато со сигурност е дека Тито поминал огромно време тука во вилата за време на официјалната посета на Охридскиот регион во 1967 година, настан кој бил темелно документиран.
Куќата е изградена како детален израз на традиционалниот македонски народен архитектонски стил, користејќи природен камен со бели ѕидови од гипс, покрив со црвени плочки и испакнатини на горното ниво.
Во постјугословенската ера, Вилата Билјана започна да ја користат политичарите на Македонија. Денес, вилата е во сопственост на владата и Претседателот на Македонија, чии државници ја користат како своја лична летна вила (додека се користи и за гости на високи и дипломатски претставници). Бидејќи вилата се користи за сместување на високи владини политичари, пристапот е строго забранет за јавноста и оваа вила е деноноќно чувана.
Мештаните велат дека од вилата па се до приватната плажа која има ситен песок, се стигнува со внатрешен лифт. Како и за другите, така и за оваа вила пребаравме на интернет да видиме дали има информации, но не наидовме скоро на никакви.
Таа и денес е една од најголемите атракции, но единствено може да се види со бродче од езеро, затскриена од богатата шума.