Најубавата плажа во Македонија е на Преспанско езеро: Може да направи туристички бум, ама е неискористена
Ние имаме неколку познати плажи на трите езера, па и на вештачките и секоја од нив се карактеризира со посебна убавина. Напорите се да се зачуваат автентични, со сета природа околу нив, но на повеќето треба многу да се поработи за да се доведат во ред. А, за таквите плажи потребна е и соодветна промоција, инаку како би знаеле странските туристи дека постојат?
Но една плажа се одвојува од сите останати, не само по ситниот песок како да сте на море, туку и по својата местоположба и природата. Се работи за Сливница, со исто име како селото во Општина Ресен, во областа Долна Преспа, сместено во близина на источниот брег на Големото Преспанско Езеро. Пжажата е долга е околу 400 метри. Пред шест- седум години е реновирана и располага со повеќе од 1.000 лежалки и одлични хавајски чадори. Иако езерото се повлекува со голема брзина и сеуште нема решение, сепак оваа плажа опстојува.
Она што фасцинира е платформата во самото езеро. Од неа се гледа островот Голем Град. Оваа плажа нуди богати содржини, концерти, друштвени игри, седенки... Изгледа светски.
Но, и покрај сеопфатното средување на плажата, таа е недоволно промовирана, неискористена целосно од странските туристи, а нејзината убавина може да се изеданачи со едни од најубавите морски плажи во регионот. И државата треба многу повеќе да вложи во овој раритет, а и во целиот Преспански регион, затоа што заслужува да го види светот.
Погледнете ја оваа убавина:
Фото: Инстаграм