Највисокиот човек кој некогаш живеел! Неверојатната судбина на ЏИНОТ кој влезе во Гинисовата книга на рекорди (ФОТО)

Ангус Мекаскил бил највисокиот човек на светот, кој бил висок 2 метри и 36 сантиметри. Интересно е што неговиот раст не бил предизвикан од хормонално пореметување или болест, а и тврделе дека е сосема пропорционален

Заедно со неговата огромна големина, Мекаскил поседувал и огромна сила.

Во младоста бил виден како крева сидро на брод тешко над 1.200 килограми до висина на градите! Можел да носи две буриња од 130 килограми истовремено. Тој можел да крене јарбол од 12 метри на палубата на бродот и еднаш подигнал целосно возрасен коњ преку ограда од 1,5 метри.


Кога имал само 14 години, се степал со возрасен маж и го удрил со тупаница во вилицата, поради што човекот летал неколку метри и бил толку длабоко без свест што мислеле дека е мртов.

И покрај неговата импресивна и застрашувачка сила, не се плашеле од Мекаскил. Имал мек, музички глас, бил фин и културен, со длабоко сини очи и љубезна насмевка. Тој бил познат како „Големото момче“ кај луѓето од родниот остров Кејп Бретон во Нова Шкотска.

По некое време, бизнисменот и основач на циркус П.Т. Барнум слушнал за Ангус. Таков човек, со таква импресивна сила и големина, би бил прекрасен додаток на неговиот циркус. Така, во 1849 година, кога МекКаксл имал 24 години, Барнум дошол на островот и му понудил место во неговата патувачка трупа.

Следните неколку години, Мекаскил ја обиколил земјата со циркусот Барнум. Подоцна, тие патувале во странство и стигнале до некои егзотични делови на светот како Азија и Западна Индија.


За време на неговите патувања, тој се здобил со слава затоа што застанал до „најмалата атракција“ на Барнум - човек кој настапувал под името генерал Том Палчиќ, кој бил висок само нешто повеќе од еден метар. Кога застанале еден до друг, екстремните височини на двајцата мажи биле уште поизразени, а публиката била воодушевена.

На врвот на неговата кариера, кралицата Викторија слушнала за импресивната големина и сила на Мекаскил и го поканила да настапи во замокот Виндзор. Во знак на благодарност му подарила два златни прстени како сувенир за да ги понесе со себе на понатамошните патувања.


Висина за Гинис

Откако му завршила кариерата во шоу-бизнисот, Ангус решил да се пензионира и да се врати во Нова Шкотска. Таму купил мала мелница и општа продавница и брзо станал омилен во градот. Еден од неговите најексклузивни производи бил чајот, кој на клиентите им го продавал по неколку. А неговата шака била огромна…

Во летото 1863 година, кога имал 38 години, за време на едно патување каде што планирал да набави повеќе залихи за својата продавница, Ангус Мекаскил ненадејно и сериозно се разболел. Откако бил вратен дома, тој починал од она што лекарите го нарекле „мозочна треска“.

Во 1881 година, Агнус Мекаскил е запишан во Гинисовата книга на рекорди како „највисок непатолошки џин“ во запишаната историја - највисокиот човек чија големина била сосема природна, пишува порталот Allthatsinteresting.


Денеска на неговиот гроб на островот Кејп Бретон во Нова Шкотска има гроб маркер достоен за неговата огромна големина, пишува Istorijskizabavnik.rs.

Неколку предмети од неговиот дом, вклучително и огромна рамка за креветот, се изложени во блискиот музеј, служејќи како потсетник за човекот што кралицата Викторија го нарече „највисокиот, најсилниот и најцврстиот човек што некогаш влегол во палатата“.


Фото: Википедија/Твитер