Најзгодната механичарка на светот ги отфрла нападните клиенти: Ама сака да ги „валка рацете“ и да се слика во бикини
- Не станав механичар поради мажите, или само за да импресионирам некого. Го направив тоа за себе - вели Тантин Легаспи Менесес
Филипинката Тантин плени со фотографии на Инстаграм и си ја сака работата, а работи како механичар.
Секојдневно наидува на коментари дека се занимава со „машка“ работа и дека не и е место во работилницата, а мажите ја следат поради нејзиниот изглед и сепак ја посетуваат нејзината работилница.
Тантин истакна дека сексистичките коментари на мажите не и пречат бидејќи главен фокус и е работата. Таа тврди дека „не и треба никаква потврда од никого“ и претпочита да работи сама бидејќи машките погледи и го „одвлекуваат вниманието“.
- Доаѓаат момци и ме гледаат како работам, поставуваат прашања и разговарме, само сакам да ја завршам работата што е можно побрзо без прекин. Само научив да ги игнорирам. Не станав механичар поради мажите, ниту само за да импресионирам некого. Го направив тоа за себе. Зошто би се грижела што мислат за мене? Најдобро е да ги игнорирате. Не дозволувам да бидам под влијание на сексистички коментари – изјави Тантин за „Сан“.
Тантин објасни дека прво се фокусирала на работа како механичар во средно училиште, но наставниците не ги сфатиле сериозно нејзините планови да влезе во свет во кој доминираат мажи:
- Кога бев во средно, ме прашаа кој курс сакам да го полагам. Реков дека планирам да станам механичар, но не ме сфатија сериозно, мислеа дека се шегувам.
И покрај одбивањето на учителката, Тантин продолжила да посетува курс за автомобили на 19-годишна возраст и сега работи во сопствена работилница, иако првите контакти со работата ги имала на 15-годишна возраст.
- Уште како дете си играв со автоделови и мислам дека е „кул“ да се работи на автомобили - истакнува Тантин, која наведува дека најдоброто нешто во нејзината работа е чувството на исполнетост.
Дека има провокативни фотографии може да се види на нејзиниот Инстаграм:
- Јас работам и како модел, па морам да ја користам сета гламурозна шминка и да бидам убава, а потоа, да бидам неуредна, да ги валкам рацете, да не се туширам, едноставно навистина се опуштам кога работам на автомобили, го сакам тоа – гордо истакнува Филипинаката.
Фото: Инстаграм