„Насекаде околу мене блескаво злато“: Како изгледала внатрешноста на гробницата на Тутанкамон кога била откриена?
фото:PROFIMEDIA
Пред точно еден век, Хауард Картер и неговиот тим започнаа ископувања на скалите што ќе водат до гробницата на Тутанкамон.
Дваесет дена подоцна, кога лордот Карнарвон го прашал Хауард Картер: „Дали гледаш нешто?“, египтологот одговорил: „Да, прекрасни работи“. Токму вака изгледало влегувањето во гробницата на фараонот Тутанкамон. Ископувањата траеја околу еден месец, а за тоа време археолозите и работниците открија преткомора, анекс, гробна комора и ризница полна со богатства.
Еден век по едно од најважните археолошки откритија од периодот на Стариот Египет, многумина сè уште се прашуваат - што чувствувал Картер додека гледал околу собите полни со недопрени богатства? Иако, никој не може да даде точен одговор на ова прашање - има фотографии направени од Хари Бартон. И кои ни даваат непроценлив увид во тоа како изгледала внатрешноста на гробницата во моментот на откривањето.
"Од темнината излегоа детали од собата пред мене - чудни животни, статуи и злато. Насекаде околу мене имаше блескаво злато", објасни Картер.
фото:PROFIMEDIA
фото:PROFIMEDIA
останатите фотографии можете да ги погледнете ОВДЕ