„НАШИОТ МАЛ ШАМПИОН ПОВЕЌЕ ГО НЕМА“: Лазар (16) е младиот џудист кој загина во несреќа во Србија - неговиот брат близнак е повреден

Момчето Лазар П. (16), млад џудист член на клубот „Партизан“, загина во страшна сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад - Белград. Неговиот брат близнак Л.П. се здобил со повреди и е пренесен во болница во Нови Сад.

Според информациите од официјалната веб-страница на „Џудо асоцијацијата во Белград“, Лазар П. е носител на зелен појас и натпреварувач на џудо клубот Партизан - Белград. Неговиот најзначаен резултат е 5-то место освоено на Српското првенство во 2023 година. Последен пат учествуваше на Белградското првенство во 2025 година, освојувајќи го 5-то место.

Небојша Мандиќ, тренерот на џудо клубот Партизан пред детската болница, рече „го нема повеќе нашиот мал шампион“, пренесуваат медиумите од соседството.

- Воопшто немаме детали. Она што го знам е дека од неутврдени причини возилото излетало од патот. Што му претходело, во овој момент не знам да кажам. За жал, имаме еден од нашите мали шампиони кој повеќе не е со нас - изјави Мандариќ.

Таткото на повреденото момче се огласи

Таткото на момчето изјави за „Блиц“ дека застанале на местото на несреќата за да „видат нешто...“. Со очи полни со солзи, ни кажа дека комбето го возел тренер кој е во тешка состојба во болницата.

- Не знам дали ја изгубиле контролата. Беа на натпревар во Азербејџан. Дојдоа од Баку до Будимпешта со авион, од Будимпешта отидоа со комбе до Србија, до Белград. И тогаш се случи ова. Синот кој беше повреден е во болница. Застанавме да видиме нешто - ни раскажа таткото на момчето низ солзи.

Детали за сообраќајната несреќа во Нови Сад

Сообраќајната несреќа се случи утрово во 3:47 часот кога комбе со седум деца се преврте на автопатот Нови Сад, поради што возачот излета од патот.

Во возилото се наоѓаа осум малолетни патници на возраст од 13 до 16 години, кои се членови на џудо клубот „Партизан“ од Белград и се враќаа од меѓународен спортски камп и натпревар во Азербејџан, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Како што соопшти Спортскиот центар Војводина, кој ги примил повредените – возачот на комбето има сериозни повреди, а 7 момчиња се примени на операција, две се на интензивна нега.

Неофицијално, медиумите од соседна Србија објавија дека комбе со девојчиња бил пред комбето што ги превезувало момчињата. Групата млади спортисти со возачи и тренери направила пауза неколку минути пред несреќата. Според очевидци, возачот бил одморен. Сè уште не е познато зошто возачот ја изгубил контролата и излетал од патот.

Младите џудисти освоија четири медали на натпреварот во Азербејџан и забележаа одличен резултат.

Соопштение на Министерството за внатрешни работи

На државен пат од прва класа А, во правец Нови Сад – Белград, утрово околу 03:47 часот се случила сообраќајна несреќа во која едно лице загинало, а неколку лица се повредени.

Според досегашните информации, од причини кои засега се неутврдени, се превртел комбе „Опел Виваро“ со белградски регистарски таблички, управувано од С. С. (43).

Возилото превезувало осум малолетни патници на возраст од 13 до 16 години, членови на џудо клубот „Партизан“ од Белград, кои се враќале од меѓународен спортски камп и натпревар во Азербејџан.

Еден малолетен патник, на возраст од 16 години, починал на самото место, додека осум лица, вклучувајќи го и возачот, биле пренесени во Клиничкиот центар Војводина во Нови Сад со повреди од различен степен. Со алкотест е утврдено дека возачот на комбито не бил под дејство на алкохол. На местото на настанот се води истрага, по наредба на надлежен јавен обвинител.

Фото: Архива