Наследникот на Балашевиќ е незаинтересиран за естрадата: Не може ни да претпоставите со што се занимава
Алекса, младиот продуцент и наследник на Ѓорѓе и Оливера Балашевиќ, минатата година се вереше со својата избраничка Николина во Израел, за што наголемо се зборуваше.
Тој инаку направи бизнис од гладијаторски игри. Оваа идеја за необичниот боречки спорт да биде негов влез во светот на деловните луѓе ја добил по неговата спортска боречка кариера.
Младиот Алекса од 2012 година е и репрезентативец на Србија во борење. Сепак, музичкиот ген лежи длабоко во него.
„Пишувам многу музички текстови во слободно време, кои навистина ги сакам и знам да ги напишам, но искрено никогаш не би ги наплатил. Често зборував со татко ми за заедно да напишеме некоја песна посветена на српскиот спорт и спортисти, па може и тоа да се случи“ - своевремено изјави Алекса за српските медиуми.
Балашевиќ освен синот Алекс, ги има и ќерките Јелена и Јована.