Научници тврдат дека деновите му се изброени на најстариот океан во светот: Што ќе се формира наместо него?
Научниците спроведоа бројни симулации за да откријат што ќе се случува на површината на нашата планета во иднина, а повеќето од нив укажуваат на тоа дека Тихиот Океан ќе исчезне и дека на негово место ќе се формира нов суперконтинент.
НОВА „Суперкомпјутер“ СИМУЛАЦИЈА заснована на податоци за постојаното движење на тектонските плочи на Земјата сугерира дека деновите на Тихиот Океан се избројани. Сепак, како што наведуваат научниците, ова сценарио нема да се случи наскоро, бидејќи пресметките се дека најстариот океан на нашата планета ќе исчезне само за 300 милиони години.
Научниците од Универзитетот Куртин во Австралија веруваат дека Тихиот Океан веројатно ќе биде „проголтан“ пред да го прослави својот милијардити роденден, но и дека пред да исчезне повеќе нема да личи на огромното водно пространство што го знаеме денес. Секоја година се намалува за неколку сантиметри - а тоа се случува откако беше суперокеан околу последниот суперконтинент Пангеа, пишува Срна.
Научниците објаснуваат дека секоја година неколку сантиметри од пацифичката плоча се лизгаат под евроазиската и индо-австралиската плоча, со што се намалува растојанието помеѓу континентите Северна Америка, Азија и Австралија. Иако не можат да се договорат за тоа како ќе изгледа следниот суперконтинент или како ќе се формира, во многу симулации Тихиот Океан е осуден на пропаст.
Некои студии сугерираат дека Атлантскиот Океан - кој денес се шири - би можел да почне да се намалува во иднина, што ќе доведе до создавање на суперконтинент опкружен со Тихиот Океан. Меѓутоа, истражувачите од Универзитетот Кертин не се согласуваат со тие пресметки и додаваат дека наместо формирање на континент сличен на Пангеа, ќе се формира суперконтинентот Амазија - за време на судирот на Северна Америка со Азија.
Австралија е изоставена од ова име, но во 4Д геодинамичките модели се чини дека игра важна улога во „затворањето“ на остатоците од Тихиот Океан.