Научниците ги утврдија спецификите на мозокот на лицата кои се на умирање: Ова всушност СЕ СЛУЧУВА
Дали знаевте?
Многу луѓе размислуваат за тоа што се случува после смртта, па се прашуваат како изгледаат последните моменти, дали животот навистина „прелетува“ пред нашите очи и што не& чека по последниот здив. Научниците со години се занимаваат со оваа тема, а сега ја решија дилемата - дали умирањето изгледа како процес на заспивање или сме свесни дека исчезнуваме.
- Умирањето е уникатно искуство за поединецот и нивните најблиски. Има многу повеќе од физиолошки промени кои придонесуваат за искуството на умирање. На пример, личноста на една особа, товарот на болеста, поддршката од семејството и пријателите, времетраењето на смртната болест и нивната духовност - објаснува д-р Патрик Стил, специјалист за палијативна нега.
Сепак, постојат одредени физиолошки промени кои се случуваат универзално.
- Редовните шеми на дишење може да се променат. Понекогаш може да биде побрзо од нормалното, а понекогаш и побавно. Во последните денови може да има периоди каде што има долги празнини помеѓу вдишувањата. Дишењето може да стане бучно на крајот од животот. Тоа е акумулација на отпадни производи, секрети на телото. Често е повознемирувачки за оние што слушаат отколку за поединецот што умира - опишува Стил.
Организаторот на студијата, д-р Ајмал Земар, неврохирург на Универзитетот во Луисвил, вели дека ова може да значи идејата дека животот „лета пред нашите очи додека умираме“ е втемелена во науката.
- Како неврохирург понекогаш се справувам со загуба. Неописливо е тешко да се пренесе веста за смртта на вознемирени членови на семејството - рече неврохирургот, додавајќи:
- Нешто што можеме да научиме од ова истражување е следново: иако нашите најблиски имаат затворени очи и се подготвени да не‘ напуштат, нивниот мозок можеби повторува некои од најубавите моменти што ги доживеале во животот - додаде д-р Земар.
Фото: unsplash
Извор: србијаданас