Научниците со тврдење: Во овие професии се кријат најмногу психопати - Кој би помислил?

Ќе се шокирате кога ќе прочитате…

Психологот Кевин Датон од Катедрата за експериментална психологија на Универзитетот во Оксфорд спроведе истражување меѓу жителите на Обединетото Кралство за да открие во кои професии има најголем број психопати.

На прво место се директорите и менаџерите, потоа адвокатите, медиумските личности (со акцент на ТВ и радио), продавачите, хирурзите, новинарите, полицајците, свештениците, готвачите и државните службеници.

Многу од овие десет професии одговараат на профилот на оние кои кријат најголем број психопати, бидејќи некои од основните карактеристики на психопатите се самодоверба, егоцентричност, бестрашност, ладнокрвност и шарм, кои се исто така карактеристики тесно поврзани со концептот  на успехот.

Ова е поддржано од студијата на британското академско списание „Journal of Business Ethics“, според кое психопатите од високо платените професии како адвокатите и менаџерите често се помалку успешни во својата работа од другите колеги. Таквите луѓе заработуваат помалку пари, а и нивните врски исто така ќе бидат помалку успешни, пренесуваат медиумите.


Фото: unsplash