Не била изчезната, ниту киднапирана: Се огласи девојката по која вчера се трагаше и откри што се случило или ја откри вистината

Девојката по која вчера се трагаше и се споделуваа фотографии од неа на социјалните мрежи, се огласи на Фејсбук.

Симона Стојкова од Скопје, ниту била исчезната, ниту киднапирана, вели дека тоа било лажна вест.

Фотографија со генералии за Стојкова беа споделени на веб страницата „Најдиме.орг.мк“од каде и се рашири информацијата за нејзиното наводно исчезнување.

Вчеравечер Симона се огласи на Фејсбук за да ја отфли оваа лажна информација.

„Драги пријатели, сите што ме познавате лично и оние што не ме познавате, објавата денес што се прошири дека сум исчезната е лажна! Се кренала лажна тревога! Благодарам за трудот и загриженоста да ме најдете но се работи навистина за лажна тревога! Поздрав!“, стои во објавата.