Забава // Занимливости
Не е Охрид: Дали знаете кој македонски град е ова? Има посебен рај
- 23 Февруари, 2023
Археолошкиот локалитет Китино Кале се наоѓа во центарот на градот Кичево.
Оваа тврдина се претпоставува дека постоела уште пред нашата ера. Своето име го добива според сестрата на Крале Марко, Кита, која живеела во дворецот на Калето.
На главната слика е направена компјутерска шема како изгледала тврдината во тоа време.
На ова место пред стотици години постоеле три бедеми, неколку квадратни кули и секако, дворецот на Кита.
На овој локалитет денес е изградена Спомен Костурница.
Китино Кале сè уште не е истражувано. При изградбата на Спомен Костурницата пронајдени се монети од времето на Александар Македонски и Јустинијан.
По реновирањето на фантастичната локација, денес изгледа вака:
Извор: Мој поратал