Не е сè така црно: Последиците од пандемија во големите градови
Од како многу земји и региони биле ставени во карантин од пандемијата на коронавирусот, низ светот се случуваат неверојатни работи, поврзани со здравјето на планетата.
Така, морето во венецијанските канали се расчисти и забраната за патување и откажување на сите патувања во март ги погоди Тајланд и Јапонија. На улиците на овие земји биле забележани групи мајмуни кои бараат храна, што инаку им ја даваа туристите.
Тешката индустрија и големото население во Кина со децении влијаат на квалитетот на воздухот. Неодамнешните слики од сателитите на НАСА покажаа дека загадувањето на воздухот во најнаселената земја во светот е значително намалено, особено во срцето на пандемијата на коронавирусот- Вухан.
Во февруари, НАСА забележа драматичен пад на количината на токсичен оксид во овој кинески град. Азотниот оксид главно е нуспроизвод на автомобилската, тешката индустрија и термоцентралите.
Ограничувањето на движењето и намалувањето на воздушниот, речниот и патниот сообраќај, исто така, влијаеше на некои делови на Соединетите држави.
Првите анализи на сателитските податоци на Европската вселенска агенција Сентинел-5П покажаа дека нивото на азотен оксид во Лос Анџелес, Сиетл, Њујорк, Чикаго и Атланта значително опадна.
Истиот сателит забележа и драстичен пад на токсичните гасови над северна Италија, најтешко погодени од коронавирусот, која е ставена во карантин од февруари.