Забава // Занимливости
Не една, не две, три вакцини против коронавирусот од Русија: Кој ќе биде спасителот?
- 11 Ноември, 2020
Русија објави дека ќе регистрира трета вакцина против COVID-19. Ова го изјави претседателот Владимир Путин најверојатно поттикнат од информациите дека американскиот фармацевтски лидер Pfizer и германскиот BioNTech објавија експерименталната вакцина против коронавирус, која ја создадоа, со над 90% ефикасност.
Путин не даде повеќе информации за новиот лек, но рече дека Москва е подготвена да соработува со други земји за развој и производство на нова вакцина.
Русија е на петтото место во светот според бројот на инфекции со коронавируси во светот со потврдени 1,8 милиони случаи, покажуваат податоците на Универзитетот Џон Хопкинс.