„НЕ ГО ОЧЕКУВАВМЕ ОВА“: Астрономите на НАСА открија мистериозен сигнал надвор од нашата галаксија

АСТРОНОМИТЕ НА НАСА открија неочекуван сигнал кој доаѓа надвор од нашата галаксија и кој не можат да го објаснат. Научниците анализирале 13-годишни податоци од вселенскиот телескоп Ферми со гама-зраци и забележале мистериозен сигнал.

- Не го очекувавме тоа. Засега не можеме да објасниме, изјави Френсис Реди од Центарот за вселенски летови Годард на НАСА.

Моќен телескоп може да детектира гама зраци - големи изливи на енергија илјада до сто милијарди пати посилни од она што може да се види со голо око. Ваквите „сигнали“ се јавуваат при нуклеарна експлозија или кога експлодираат ѕвезди.

При прегледот на податоците, експертите наишле на сосема поинаков сигнал од оној што го барале, пишува „Бизнис инсајдер“.

- Тоа е сосема случајно откритие. Најдовме многу посилен сигнал и тоа на друг дел од небото, изјави Александар Кашлински, космолог од Универзитетот во Мериленд.

Астрономите всушност бараа една од најстарите карактеристики на гама зраците, позната како космичка микробранова позадина (CMB), која го исполнува целиот космос како остаток од раната фаза на развојот на универзумот.

Наместо тоа, научниците открија сигнал кој доаѓа од слична насока и со речиси идентична големина на некои од најенергичните космички честички некогаш откриени.

„Најдовме дипол на гама-зраци, но неговиот врв е на јужното небо, далеку од CMB, а неговата магнитуда е 10 пати поголема од она што би го очекувале“, вели Крис Шредер, астрофизичар од Центарот за вселенски летови Годард.

Експертите веруваат дека ова откритие би можело да биде поврзано со космичката карактеристика на гама зраците, која беше пронајдена во 2017 година од опсерваторијата „Пјер Огер“ во Аргентина. Тие претпоставуваат дека овие два феномени би можеле да потекнуваат од еден неидентификуван извор со оглед на нивната слична структура. Тие се надеваат дека наскоро ќе можат да го лоцираат мистериозниот извор или да развијат алтернативни објаснувања за двата феномени.

Истражувањето под наслов „Сондирање на диполот на дифузната позадина на гама-зраците“ е објавено во списанието „Астрофизички журнал писма“.


FOTO: Freepik