Не го правете ова! Погледнете како изгледа по бизарниот скок: „Се обидува да се забавува или да се повреди?!“

Во еден воден парк во Франција, маж решил наместо од тобоганот да се „спушти“ во базенот од покривот. Се качил, скокнал, па паднал на тобоганот, се одбил во воздух и завршил во базенот. И со модрици по целото тело

„Откако еден од посетителите изведе многу опасна акробација на воден тобоган во Франција-заработи прилично големи и болни модринки по телото“, соопштија од самиот парк.

Имено, наместо да се спушти по тобоганот во базенот, човекот скокнал од покривот на тобоганот. Поради големата брзина летал во воздух, а потоа паднал во базенот. Секако, акробациите не поминаа без последици. Голем дел од ногата, стомакот и долниот дел на грбот се покриени со грди модрици.

View this post on Instagram

A post shared by La Mascotte  (@la_mascotte94)


Од паркот каде што се наоѓа тобоганот соопштија дека вакви акробации можат да прават само учесници на натпреварот што се одржал таму, а пред тоа мора да потпишат договор според кој паркот нема никаква одговорност кон нив доколку се повредат. .

- Јасно е дека натпреварот бил за спортисти и каскадери, а не за општата популација - соопштуваат и додаваат дека натпреварот се одржува секоја година на почетокот на август и дека скокањето од покрив е наменето исклучиво за натпреварувачите.

View this post on Instagram

A post shared by La Mascotte  (@la_mascotte94)


На социјалните мрежи неговите следбеници коментираат дека тоа не е баш најдобрата идеја.

- Што не е во ред со тебе?

- На овој човек му треба хоби што нема да му го загрози животот.

- Дали се обидува да се забавува или се обидува да се убие?!


Фото и Видео: Инстаграм