Не можеа да ги тргнат рацете еден од друг: Фаталната русокоса и холивудскиот заводник разменија допири на црвениот тепих

Хемијата меѓу нив е толку силна што кога се еден до друг, тешко можат да одржат пристојно растојание.

Памела Андерсон и Лиам Нисон предизвикаа емотивна бура на црвениот тепих на премиерата на нивниот нов филм, римејкот на „Гол пиштол“, во вторник вечерта, поттикнувајќи ги гласините дека се романтично поврзани.

Дуото, кое со месеци ја интригира јавноста, изгледаше заљубено и блиско, не тргајќи ги своите насмевки една од друга. Памела блескаше во виолетов фустан без прерамки, додека Лиам носеше елегантен сив костум со црна кошула и чевли.

Актерката, позната од серијата „Чувари на плажата“, го надополни својот изглед со дијамантски накит, а додаде и допир на елеганција стилизирајќи ја косата во нежни бранови.

Двојката беше блиска во текот на целиот разговор, смеејќи се и позирајќи заедно, а Памела во еден момент го бакна Лиам во образ, што дополнително ги разгоре гласините за нивната врска.

Филмот, кој излегува на 1 август, го следи Лиам како Френк Дребин Џуниор, син на легендарниот детектив што го игра Лесли Нилсен во оригиналните филмови. Памела го толкува ликот на Бет, пејачка во ноќен клуб која се обидува да ја открие вистината за смртта на нејзиниот брат.

Шпекулациите за романсата започнаа кога Лиам изјави дека е „лудо заљубен“ во Памела.

- Одлично е да се работи со неа. Без големо его, таа е духовита и исклучително лесна за соработка - рече тој во интервју за People.

Памела возврати со пофални зборови, велејќи дека Лиам бил вистински господин кој дури и ѝ го дал својот капут на снимањето кога ѝ било ладно, додека таа му возвраќала правејќи му леб и колачиња.

- Тој го вади најдоброто од тебе - со својата почит, љубезност и богато искуство. Беше вистинско задоволство да се работи со него - рече Памела.

Актерката откри за Entertainment Weekly дека развиле силна врска за време на снимањето.

- Мислам дека засекогаш ќе имам пријател во Лиам. Врската што ја имаме е искрена, полна со почит и љубов - рече таа.

- Тој е всушност многу луд - понекогаш се однесува како момче - додаде таа, осврнувајќи се на разликите во нивните кариери. - Тој доаѓа од театарот и сериозни филмови како „Шиндлеровата листа“, додека јас почнав од телевизија и честопати мојот приватен живот беше засенет од мојот професионален живот.

- Но, некако се запознавме на ова место и го споделивме тоа искуство, што е многу значајно и голема чест за мене.

И двајцата имаат тешки животни моменти зад себе. Лиам ја загуби сопругата, актерката Наташа Ричардсон, во 2009 година по несреќа на скијање, додека Памела помина низ пет брака, вклучувајќи ја и турбулентната врска со тапанарот Томи Ли.

Можеби токму ова заедничко искуство на загуби и животни предизвици ги зближи уште повеќе.

Фото: EPA
Извор: Glossy.espreso.co.rs