Забава // Занимливости
Не почина од природна смрт, туку од друго: Сопругата на Шон Конери призна
- 11 Ноември, 2020
Легендарниот шкотски актер Сер Шон Конери почина на 91 година. Ќе остане запаметен по многубројните улоги, но пред се како најдобриот Џејмс Бонд.
Семејството не ја откри причината за смртта, но сега неговата сопруга Мишелин Рокебрин откри дека Конери страдал од деменција.
"Немаше живот за него. Тој дури не можеше да се изрази во последните денови. Барем умре во сон, беше толку мирно. Бев со него цела ноќ и тој само си замина. Тоа беше она што тој го сакаше. Имаше деменција и таа си го зеде данокот. Имаше тешки денови, целиот без зрак во очите, избезумен, телото кревко... Неговата последна желба се исполни, да замине без никаков проблем", рече Мишелин.