Виросот е немилосрден, се заканува на цела планета со невидено темпо
Тапанарот на познатата српска група „Амадеус бенд“, Бојан Златановиќ, ја загуби битката со коронавирусот. Тој почина на 45 годишна возраст. А неговиот колега и пријател Александрар Станимировиќ, попознат како Аца Амадеус, е скршен од болка поради неговата смрт.
- Во болницата „Драгиша Мишовиќ“, лекарите и персоналот дадоа се од себе за да преживее. Мојот кум ќе продолжи да живее преку бендот Амадеус - рече тој со тага во неговиот глас.
Пејачот Дарко Филиповиќ објави тажна вест и со црно-бела фотографија се прости од својот колега и пријател.
„Брате мој, само знам дека некогаш ... повторно ќе се сретнеме некаде ... R.I.P“, напиша Филиповиќ.
Фото: Инстаграм