Неговото потонување било воена тајна: Пронајден „танкер“ на Југословенската воена морнарица

Српските нуркачи неодамна пронашле изгубен брод на југословенската морнарица во хрватските води во близина на островот Вис.

Бродот е пронајден на длабочина од 125 метри, а се работи за „танкер“ кој потонал во декември 1976 година поради силна бура. Пренесувал боева муниција.

Случајот бил класифициран како воена тајна, но сите 25 членови на екипажот преживеале.

Во ЈНА имало триесетина носачи на тенкови и можеле да превезат три тенкови или 200 војници.

„Поради сите тие технички проблеми, доста брзав. Скокам во водата. Видливоста на дното беше седум до десет метри. Стигнувам до објектот. Објектот не беше како што очекував. Тоа веднаш го видов. Сепак , бидејќи немаме многу време таму долу, веднаш почнав со снимање. Во тој момент помислив дека сум на лакот на бродот, видов команден мост, го снимив тој дел и продолжив понатаму“, објасни Мирко Бевења, дел од нуркачкиот тим кој го пронашол бродот.


Освен тенкот, белградскиот тим нуркачи пронашол и неколку големи бомбардери од периодот на Втората светска војна, бидејќи на островот Вис за време на војната имало голем аеродром, пренесува РТС. Досега откриле подводни објекти, остатоци од бродови и авиони.

Југословенската морнарица била дел од ЈНА, со задача да ги брани бреговите, морињата, реките и езерата.


ФОТО: atvbl.rs