Нејзино прво, негово седмо дете: Марк Ентони има има 55 години, а таа 24

Годините се само бројка за многу познати мажи, а меѓу нив дефинитивно е и Марк Ентони, кој во шестата деценија стана татко по седми пат!

Во неделата, на 18-ти јуни, Марк Ентони и неговата 31-година помлада сопруга објавија дека станале родители, тоа е прво дете за Надија и седмо дете на Марк.

- Божјиот тајминг е секогаш совршен - напиша парот на Инстаграм, заедно со слика од новороденчето на која Марк го држи во рацр, и на следбениците им посакаа среќен Ден на татковците.

View this post on Instagram

A post shared by Marc Anthony (@marcanthony)


Бебето на Фереира и Ентони има постари браќа и сестри, Арија (29) и Чејс (28), кои пејачот ги доби со Деби Росадо, Кристијан (23) и Рајан (19), кој го доби со Дајанара Торес, како и близнаците Макс и Ема (15) од бракот со Џенифер Лопез.

Марк и Надија се венчаа на интимна, но гламурозна венчавка на која присуствуваа многу познати личности, од Дејвид Бекам до Салма Хајек, а потоа објавија дека чекаат ново бебе! Џенифер Лопез не присуствуваше, но затоа Марк ѝ беше гостин на венчавката со Бен Афлек.

Извор: glossy.espreso.co.rs