НЕПОЖЕЛНИ ГОСТИ: Два џиновски питони влегле низ покривот во куќата на Австралиец (ВИДЕО)
Австралианецот
Дејвуд Тејт, се шокирал кога влегол во својата куќа во село во североисточната
држава Квинсленд во понеделникот, тој во неа наишол на двајца непоканети гости.
Првично забележал дека голема дупка има направено ан таванот во кучата а неколку минути потоа ги забележал и двата големи питони кои „упаднале“ во неговата куќа.
Тој во изјава за локалните медиуми рекол дека едниот питон бил долг 2,8 метри, а другиот 2,5 метри, едниот влегол во спалната соба а другиот во дневната соба.
Проценетата вкупна тежина на змиите била 45 килограми, што очигледно било доволно за да се срушат низ таванот во кујната.
Ловецот на змии Стивен Браун, кој бил повикан да ги отстрани питоните, изјавил дека претпоставува дека двајцата мажи се степале околу женката и дека претпоставувал дека таа сè уште може да биде на таванот во куќата.
Мажјаците биле пуштени во природата на Квинсленд, каде што живеат многу други и многу поопасни змии од не-отровните питони.
Видео: Breaking news
Можеби ќе ве интересира:
Пиете отров од змии, а не сте ни свесни за тоа