Неверојатна сцена од дивината: Питон како од шега проголта крокодил (ФОТО)

Неверојатната сцена ја снимил Австралиецот Мартин Милер како кајакар низ градот Маунт Иса во Квинсленд, а фотографиите се објавени на Фејсбук страницата на GG Wildlife Rescue Inc.

Имено, тој го фатил моментот кога маслинестиот питон, втората по големина змија во Австралија, проголтал крокодил.

Иако многумина мислеа дека крокодилот победил во оваа борба, сепак змијата била посилна. Сепак, една работа остана нејасна за многумина.

- Единственото прашање ми е како по ѓаволите може нормален човек да вози на место каде што змија голта цел крокодил? Ова дефинитивно е на мојата листа на топ 10 начини на кои не сакам да умрам – се запрашал еден корисник на Фејсбук и заработил многу лајкови со своето прашање.


foto: FACEBOOK/ GG Wildlife Rescue Inc & WA Wildlife Displays