Неверојатна снимка од заборавените судански пирамиди (ВИДЕО)

Кога зборуваме за пирамидите, обично помислуваме на познатите градби кои се наоѓаат низ целиот Египет, а најчесто на неверојатните пирамиди во Гиза.

Меѓутоа, ако се спуштиме неколку илјади километри јужно по Нил, ќе ги видиме големите пирамиди Ел-Куру, сместени во огромната пустина на Судан. Со помош на дронови, National Geographic успеа да прелета над пирамидите, кои стојат повеќе од 3.000 години, и да сними како изгледаат од птичја перспектива.

Околу 255 пирамиди ги формираат кралските гробишта на древниот нубиски свет. Повеќето од пирамидите датираат од 795 п.н.е., но сè уште многу малку се знае за последното почивалиште на кралското семејство на поранешна Нубија. Досега се откопани помалку од десетина од овие гробници, а за уште помал број од нив се знае на кого точно му припаѓале.

„Најдобриот дел од летањето со хеликоптер, т.е. дрон, е тоа што можете да летате над структурата и на тој начин да стекнете врска помеѓу сите други локации, пирамидите и храмот“, вели инженерот и пилот на беспилотни летала Алан Турчик.




 FOTO: YOUTUBE