НЕВЕРОЈАТНО: Јапонците започнаа национален натпревар за поттикнување на младите да пијат повеќе алкохол

Јапонските власти започнаа национален натпревар, повикувајќи на идеи за поттикнување на помладата генерација, на возраст меѓу 20 и 39 години, да пијат повеќе алкохол, откако промената на ставовите кај младите за алкохолот доведе до пад на даночните приходи.

Помладите генерации во Јапонија пијат помалку алкохол од нивните родители, што влијае на производството и ги намалува владините приходи од даноците на пијалоци како што е саке (алкохолен пијалок направен со ферментирање на ориз), јавува Би-Би-Си.

Националната агенција за внатрешни приходи (NTA) започна кампања, наречена „Sake viva“, барајќи од оние на возраст меѓу 20 и 39 години да дадат предлози за да помогнат да се заживее популарноста на алкохолните пијалоци меѓу нивната генерација, чија побарувачка опадна поради променетиот начин на живот, живот за време на пандемијата на коронавирус и меѓу младите луѓе.

Конкурсот, кој ќе трае до 9 септември, повикува на „нови производи и дизајни“, како и начини за промовирање на пиењето дома, а најдобрите предлози потоа ќе се развијат понатаму со помош на експерти пред да бидат претставени конечните решенија во ноември.

Учесниците се охрабруваат да истражуваат методи на продажба користејќи врвни технологии кои вклучуваат вештачка интелигенција, според Би-Би-Си.

НТА соопшти дека потрошувачката на алкохол во Јапонија е намалена од просечни 100 литри по лице годишно во 1995 година на 75 литри во 2020 година.

Намалувањето на продажбата на алкохол го погоди јапонскиот буџет и дополнително го зголеми буџетскиот дефицит.

Даноците на алкохол сочинуваат 1,7 отсто од даночните приходи на Јапонија во 2020 година, три отсто во 2011 година и пет отсто во 1980 година, јави Би-Би-Си, а пренесува Танјуг.


Фото: unsplash