Забава // Занимливости
НЕВЕРОЈАТНО НАУЧНО ОТКРИТИЕ: Дали е можно да сме всушност вонземјани
- 22 Декември, 2022
Вечната дилема што ги интересира сите е дали всушност сме сами во универзумот.
Една нова студија на јапонски научници сугерира дека одговорот на тоа прашање можеби лежи во нас самите. Имено, тие укажуваат дека животот на Земјата можеби започнал поради планета оддалечена трилиони километри од Земјата.
Блокови од нашата ДНК за прв пат се откриени во астероиди кои удриле во Земјата пред неколку милијарди години, што би укажало дека на нашата планета е донесен живот каков што го знаеме и по таа логика ние би биле вонземјани.
Научниците веруваат дека ова истражување е одлична основа за понатамошно разбирање на почетокот на животот.