НЕВЕРОЈАТНО: Оригиналната „буба“ била премала за нив, па направија нова, поголема и од хамер

Оваа уникатна голема „буба“ доби и голем V8 мотор со зафатнина од 5,7 литри со 340 коњски сили ...

Една копија од легендарната „буба“ на Фолксваген во кабриолет верзија во семејството Скот Тапер е пронајдена од 1959 година. Тој и неговиот татко се големи обожаватели на старите  „Фолксвагени“, па затоа ја чувале својата „буба “ во феноменална состојба до ден-денес.


Сепак, гледајќи ги модерните автомобили, особено бројните големи и екстремно популарни модели на SUV, нивата „буба “ стара 60 години, во однос на нив, изгледала мала и повеќе не безбедна за возење по широките американски автопати.

Затоа таткото и синот одлучиле да користат баш толку голем џип како основа, и да направат идентична „буба“ - само 50 проценти поголема. Потоа малку ја намалиле, бидејќи сфатиле дека навистина ќе биде преголема и според димензиите, не може да се класифицира како патнички автомобил.
Сите елементи од конструкцијата на каросеријата на автомобилот биле пренесени на компјутер со 3Д скенирање, а софтверот потоа ги пресметал сите димензии на деловите на новиот 40 процентен поголем автомобил.



Кога конечно завршија со сите делови, тие добија уникатна „буба“ што е поголема од џиповите Хамер.


Новиот автомобил е придвижуван од многу помоќен мотор од оригиналниот. Иако во него таткото и сонот инсталираамногу современи работи, тие се обидоа да го одржат автомобилот што е можно поверен на оригиналот.


Видео: Barcroft Cars

Можеби ќе ве интересира:

Еве кој е најбрз F1 возач на сите времиња

СО ЦЕНА од 3,1 милиони ДОЛАРИ, погледнете го новото автомобилско чудо