НИКОБ ЛАБ: Нови цени за PCR тестирање од понеделник

Во недела (15.08.2021) завршува промотивниот период на PCR тестирање по цена од 1.000 денари, соопштија денеска од НИКОБ ЛАБ. Од понеделник ќе има, нови, повисоки цени, па повикуваат граѓаните да побрзаат и да го искористат промотивниот период.

„Цените важат само за пунктовите во Кисела Вода, Табановце, Богородица, Дојран и мобилните пунктови, додека цената на Аеродромите во Скопје и Охрид, останува иста согласно ценовникот за аеродромите. Во услови на пандемија и КОВИД криза најважно е да се добие брза и квалитетна услуга по прифатливи цени. Независно од тоа дали станува збор за ПЦР или брз антиген тест, нашите искуства со корисниците се одлични, за ова сведочат големиот број позитивни коментари и пофалби кои домашните, но и странските туристи ги пишуваат во групите за патување. Со ова докажавме дека квалитетот, најсовремената метода и достапната цена можат да одат заедно, стои во соопштението од НИКОБ ЛАБ