„Никој не одржал Евровизија во војна“: Но, ако не биде Украина, тоа ќе биде Обединетото Кралство

Ако Украина не е домаќин на Евровизија 2023 година, тогаш ќе биде домаќин  Обединетото Кралство. Тоа го вели Хозе Мануел Перез Торнеро, претседател на шпанската државна телевизија RTVE.

Зборувајќи за шпанскиот весник Фаро де Виго, Перез Торнеро рече:

„Ќе излеземе да победиме следниот пат, сега не успеавме. Бевме заинтересирани и за организација на [Евровизија 2023]. Но, ако Украина не го стори тоа, Евровизија ќе ја организира Би-Би-Си“.

Би-Би-Си не го коментираше ова прашање. ЕБУ останува во преговори со украинската државна телевизија UA:PBC по нивната победа во Торино.

Коментарите од шефот на шпанската телевизија доаѓаат по неколкунеделните гласини дека Обединетото Кралство е фаворит за домаќин на настанот доколку Украина не може. Британецот Сем Рајдер заврши на второто место на натпреварот во мај - на врвот на гласањето на жирито - и земјата има многу инфраструктура за да приреди фантастично шоу.

Се најавува дека Глазгов може да биде градот во кој би се оджал најголемиот музички настан.

Одржувањето на натпреварот надвор од Лондон убаво би се вклопило со целта на Би-Би-Си да ги одрази и да им служи на заедниците низ целата земја - не само на оние во Лондон. Прикажувањето на целата земја беше огромна точка за разговор внатрешно и меѓу политичарите, кои често го критикуваат Би-Би-Си дека е фокусиран на Лондон.

Украина, сепак, ги држи очите кон наградата. Претходно оваа недела, политичар од највисоко ниво потврди дека земјата создала организационен комитет за да започне да работи на плановите оклу настанот.

Претходно, министерот за култура и информации на Украина, Олександар Ткаченко, рече дека е уверен дека земјата ќе биде домаќин на Евровизија 2023. Говорејќи во Медиумскиот центар во Украина, тој рече:

„Не се сомневаме дека тоа треба да се случи во Украина. Единственото нешто е што никој не ја одржал Евровизија за време на војна... Сега бараме одговори со колегите за најважните услови поставени од ЕБУ, но мислам дека ќе треба да објасниме дека некои услови треба да се променат“.