Никој освен мојата сопруга не знаеше дека имам рак, а потоа ме викна претседателот: Додека работев во Белата куќа примав терапија

Џеред Кушнер, зетот на Доналд Трамп, поминал низ терапија и третман за рак на тироидната жлезда додека работел во Белата куќа

Дури кога Џаред Кушнер, поранешниот советник на Доналд Трамп во Белата куќа, напиша мемоари, беше откриено дека тој се борел со рак на тироидната жлезда додека му служел на претседателот.

Во гореспоменатите мемоари, Кушнер се присети на разговорот со лекарот од Белата куќа Шон Конли во октомври 2019 година.

„Додека се подготвував да отпатувам во Тексас за да присуствувам на отворањето на фабриката Луј Витон, лекарот од Белата куќа, Шон Конли, ми рече: „Резултатите од тестот дојдоа. Изгледа имаш рак. Треба веднаш да закажете термин за операција“.

Кушнер потоа побарал од Конели да молчи за се‘ и да дојде во неговата канцеларија дури утре:

Во тоа време Иванка и Џаред Кушнер работеа во Белата куќа како советници на претседателот.

Кушнер рече дека ракот е рано откриен, но дека со хируршки методи е отстранет значителен дел од тироидната жлезда. Поради ова, тој се плашел дека операцијата може да влијае на неговата способност да зборува.

„Ја закажав операцијата ден пред Денот на благодарноста. На тој начин би пропуштил најмалку време во канцеларијата. Моето отсуство би можело да помине незабележано. Така сакав", продолжи Кушнер.

„Ова беше мој личен проблем, приказна која не беше за јавноста“, додаде Кушнер.

„Кога размислував за тоа, се потсетив дека тоа е во рацете на Господ и лекарите и дека се‘ што се случи е надвор од моја контрола“, напиша тој.

Единствената личност која знаеше низ што поминува Кушнер беше Иванка Трамп, но набрзо дознал и претседателот.

„Ден пред операцијата Трамп ме повика во Овалната соба и му нареди на својот тим да ја затвори вратата“, рече Кушнер.

„Дали си нервозен поради операцијата? го прашал Трамп.

Кушнер го прашал својот свекор од каде знае.

„Јас сум претседател“, одговорил Трамп. „Јас се‘ знам“

„Разбирам дека сакате да ги задржите ваквите работи за себе. Ќе бидете добро. Не грижи се за работата. Сè е покриено", му рекол Трамп тогаш.

Книгата на Кушнер ќе биде објавена на 23 август оваа година.


Фото: Профимедиа