Нил Армстронг видел вонземјани?! НАСА го цензурира: Нивните бродови се далеку посупериорни од нашите, големи и заканувачки

фото:Printscreen/NASA

Иако звучи како научно фантастично сценарио за филм, се повеќе се зборува за бројни тајни извештаи и записници помеѓу главниот центар на НАСА и астронаутите на Месечината.

Астронаутот Нил Амстронг пренесе порака до контролата на мисијата во главниот центар на НАСА дека два големи, мистериозни објекти ги набудувале откако слетале на Месечината, покажуваат тајните извештаи за комуникацијата меѓу НАСА и астронаутите на Месечината.

Интересни детали за тоа, со што астронаутите, наводно, се соочиле на Месечината доаѓаат од интервјуто со неименуван професор и Нил Армстронг, што се одржало на симпозиумот на НАСА.

Во тоа интервју, професорот го прашува Армстронг што навистина се случило таму, на што астронаутот одговара: „Беше неверојатно - се разбира, отсекогаш знаевме дека постои можноста - факт е дека бевме предупредени“

На прашањето на професорот како мисли дека биле предупредени, Армстронг одговори:

„Не можам да навлегувам во детали, но можам да кажам дека нивните бродови беа далеку посупериорни од нашите, и по големината и по технологијата. Тие беа големи и заканувачки“.

Според Владимир Азахажа, физичар и професор по математика на Московскиот универзитет, во транскриптите има многу интервјуа и документи што укажуваат на тоа дека е можно астронаутите од Аполо навистина да се сретнале со туѓи суштества и НЛО кога ја истражувале површината на Месечината.

„Нил Амстронг ѝ пренесе порака на контролата на мисијата дека два големи мистериозни предмети ги набљудуваат откако слетаа на Месечината. Но, неговата порака никогаш не беше чуена во јавноста, бидејќи НАСА ја цензурираше “.

Според бројни извори, Амстронг тврдел дека вонземјаните биле присутни на Месечината, и дека на астронаутите им било наредено да заминат, а многу истражувачи на НЛО тврдат дека биле снимени дури и чудни градби и згради и ги пријавиле сите детали на контролата на мисијата, што намерно се цензурирало информации за спречување на хаос и паника меѓу жителите на планетата.

извор: penzionisani.rs