Носењето маска може да биде забавно

ИутеКредит Македонија и СОС Детско село денес, по повод  1-ви април – Денот на шегата, организираа маскембал и внесоа ведрина, смеа и разиграност кај децата од СОС Детско Село.

Маскембалот под мотото „Носењето маски може да биде забавно“ се одржа во дворот на СОС Детско село каде што 50 деца се забавуваа под строго контролирани услови и протоколи на отворено во дворот на селото. 

ИутеКредит Македонија како иницијатор на овој настан обезбеди фото бут со голем број на реквизити со кои се забавуваа децата и направија фотографии кои ќе можат да ги веселат во наредните денови.

„Активното учество во опшеството е една од нашите вредности, и сакаме со личен белег да придонесеме за квалитетот на живеењето на младите. Посебно во услови на социјална дистанца, менталното здравје е она на кое треба да се посвети особено внимание,  оваа година а можеби и следната. А преку смеа и ведар дух сме еден чекор поблиску кон подобрување на менталното здравје. Се надеваме дека успеавме да направивме нешто интересно и носењето маски да го претворивме во забава“, изјави Елена Глигоровска - Директор за човечки ресурси и корисничко искуство во ИутеКредит.

Со овој маскембал, ИутеКредит Македонија како општествено одговорна компанија уште еднаш ги манифестираше своите корпоративни вредности како активен подржувач на сите општествени процеси, вклучувајќи го квалитетот на живот на најмладите.