Нов проект на Зегин “Летен Клуб #младина” – одлична можност за сите матуранти – фармацевтски техничари!

Зегин како лидер во фармацевтските иновации и професионалниот развој, гордо го најавува првиот Летен клуб за фарамцевски техничари !
Што претставува проектот ?
“Летен Клуб #младина” е првиот и единствен проект за матуранти – смер фармацевтски техничар, преку кој матурантите ќе имаат можност да се стекнат со практично знаење на работните процеси во аптека, подготовка за полагање на стручен државен испит за стекнување со уверение за фармацевтски техничар кој е целосно стипендиран од страна на Зегин, како и стекнување на сертификати за успешно завршена летна практикантска работа и наградно патување за најдобрите двајца учесници во проектот.
Летниот клуб ќе ви понуди иновативно искуство преку практиканство каде може да учите во опуштена летна атмосфера, нудејќи напреден пристап кон професионалниот развој преку комбинирање на учење, соработка и забава.
Овој клуб ја одразува нашата мисија дека инвестирањето во фармацевски теничари е инвестирање во јавното здравје во нашата младина , и нивната иднина .
Ни претставува чест да го одиме патот заедно нудејќи простор да понудиме личен и професионален раст, да се надополнуваат дружат и инспирираат едни со други.
Бенефити од проектот:
- Реално искуство од аптека, преку практикантство + дигитална платформа
- Учење на флексибилен, забавен начин – игри, квизови, дигитални беџови и 0% здодевност
- Ментор кој води низ целиот процес на практикантска работа
- 100% стипендија за полагање на државен испит за фармацевтски техничар
- Сертификат за успешно завршена летна практикантска работа
- Наградно патување за најдобрите двајца учесници во проектот!
Кој може да учествува?
Проектот е наменет за сите амбициозни матуранти – фармацевтски техничари, кои сакаат на забавен начин да се стекнат со нови знаења, да се запознат со врсници и од близу да се запознаат со начинот на аптекарско работење.
Како да аплицираш?
Доколку си матурант – фармацевтски техничар, за повеќе информации за времетраење на проектот, посети го следниот линк https://zegin.fledgehr.com/Zegin/jobs/3109 и преку полето Пријави се пополни го формуларот за апликација.
*Бројот на кандидати кои ќе бидат дел од програмата е ограничен.
Летниот клуб #младина е почетокот на твојата фармацевтска приказна.
Останете љубопитни, со пристап до најновите информации во фармацијата, здравјето и благосостојбата.
Изградете вистински врски со колеги, ментори и лидери во индустријата.
Чувствувајте се поддржани, не само како фармацевт, техничар , аситент, ментор туку и како човек.
Придружете ни се не затоа што морате, туку затоа што заслужувате компанија која верува во вашиот потенцијал.
#клубнамлади #матуранти #новпочеток #вистинскапракса #забава #лето
ПР објава