Нова локација на експозитурата на Силк Роуд Банка во Струмица

Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите клиентина Банката за промена на локација на експозитурата во Струмица.

Со цел унапредување на услугите на Банката и поголема достапност кон клиентите преку модерна и пријателска работна атмосфера при користењето на банкарските производи, експозитурата на СИЛК РОУД БАНКА во Струмица, од денес  27.09.2021 година, функционира  во поголем и посовремен простор на нова атрактивна локација.

Новата локација на експозитурата која се  наоѓа на адреса бул. Маршал Тито бр. 20, е отворена за работа со клиенти секој работен ден  од понеделник до петок од 08:30 до 16:30 часот.

Eкспозитурата продолжува да го опслужува сегментот население и правни лица, нудејќи сеопфатни банкарски производи и брза и квалитетна услуга. Истовремено, банкоматот кој е во склоп на новите простории им е достапен 24/7 на клиентите на Банката. 

ГАЛЕРИЈА