Нова поволност за сите нови и постојни корисници на Visa Classic кредитната картичка на Силк Роуд Банка

Нова одлична поволност за корисниците на VISA CLASSIC кредитната картичка на Силк Роуд Банка во соработка со VISA и ORYX Assistance!

Имено Силк Роуд Банка АД Скопје е прва банка во Р.С.Македонија со вклучена ORYX Assistance. Соработката ги опфаќа сите постојни и нови корисници на Visa Classic кредитната картичкасо следните асистенции од портфолиото  на ORYX Assistance:

ПОМОШ ДОМА - услугасо која се обезбедува користење на бесплатна техничка помош дома во вкупна вредност од 9.500 денари, повеќекратно до 3 пати во годината, која на клиентот му нуди организација на помош, покривање на трошоци на итна интервенција која вклучува доаѓање на сервисерот – водоинсталатер, електричар, бравар, столар и стаклар. Услугата е достапна бесплатно за една година.

- ПОМОШ НА ПАТ- услуга со која се обезбедува бесплатна техничка помош на пат во случај на дефект или сообраќајна незгода, која вклучува поправка на возилото, транспорт/шлеп служба, организација и употреба на заменско возило, организација на хотелско сместување на возачот и другите патници во возилото, организација и трошоци за продолжување на патувањето со алтернативен превоз и достава на гориво. Оваа услга е бесплатна до 31 декември 2022 година.

Ова е единствена можност само за клиентите на Силк Роуд Банка, која од почетоците со јасна визија за иднината, денес се издвојува од другите банки во земјата со својата деловна стратегија ориентирана кон модерните аспекти на банкарството преку подобрување на производите и иновации со што го потврдува својот имиџ на динамична и модерна Европска банка која ги следи побарувањата на пазарот и ги задоволува потребите на своите клиенти.

За корисниците на асистенцијата отворен е посебен контакт центар достапен 24 часа, 365 дена во годината на следните телефони: бесплатно на 0800 28 209 (во Р.С.Македонија) или на +389 23 204 030 (повици од странство).

Visa Classic е вистинската кредитна картичка за одложено плаќање, со бескаматен период до 40 дена, со само 5% задолжителна месечна отплата на износот на искористен кредитен лимит, создадена за сите набавки кои е поволно да се плаќаат на подолг период. Овозможува поголема финансиска флексибилност и привилегии при користење. Visa Classic кредитната картичка, може да се користи на милиони локации низ целиот свет на кои е истакнат знакот на Visa.

Повеќе информации за картичката и промотивната понудаклиентите можат да добијат на официјалната веб-страница, профилите на социјални мрежи на Банката или на телефонскиот број 02/3203-555.

ПР објава