Новак покрај глутенот, месото и шеќерот, ја исфрлил и оваа намирница од исхраната која се смета за здрава: Ни во лудило нема да ја изеде

Иако се смета за здрава, Новак сепак ја отстранил од исхраната.

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, кој пред неколку дена ја освои јубилејната стота титула во кариерата победувајќи го Хуберт Хуркач во Женева, е познат по тоа што многу строго и дисциплинирано се грижи за исхраната и се што внесува во своето тело, а со текот на времето целосно исфрли одредени намирници.

Познато е дека Новак Ѓоковиќ откако открил дека боледува од целијачна болест, се префрлил на безглутенска диета, која брзо позитивно се одразила на неговата општа состојба, форма и игра. На веб-страницата „novakdjokovic.rs“ беше опишано како по елиминацијата на глутенот во 2010 година, нивото на неговата енергија значително се зголемило и речиси веднаш се ослободил од хроничниот замор.

„Елиминирањето на глутенот, протеин кој се наоѓа во пченицата и другите житарки, ја елиминира главната причина за воспаление и дигестивни проблеми.

Оваа промена не само што го подобри неговото варење, туку и помогна да се намали воспалението низ целото тело, што е критично за закрепнување и перформанси во физички напорниот спорт како тенисот. Со избегнување на глутенот, Ѓоковиќ успеа да одржи константно ниво на енергија и концентрација, како на теренот, така и надвор од него“, се наведува на веб-страницата.

Месо и производи од животинско потекло

Во последните години Ѓоковиќ не конзумирал ништо добиено од животни, вклучувајќи месо, млеко, сирење и јајца.

"Среќен сум што сум на оваа диета и што играм на ова ниво. На почетокот имаше многу критики, луѓето околу мене не веруваа дека можам да издржам, имаше многу сомнежи и прашања. Поминав низ различни фази на прилагодување на новиот начин на живот", изјави Новак и додаде:

„Ова не е само диета - има и етичка причина, свесност за сè што им се случува на животните, за колење и услови на фармите. Сето ова има огромно влијание врз климатските промени, иако многумина не сакаат да зборуваат за тоа. Поважно ми е од самата игра - тоа е пристап кон животот со кој се гордеам. не сум кревач на тегови, но имам совршен баланс на моќ, брзина и издржливост, сè уште ќе уживам во ова.

Млеко и млечни производи

На гореспоменатата веб-страница се посочува дека уште една важна промена во исхраната на Ѓоковиќ била елиминацијата на млекото и млечните производи. Млекото, кое се смета за здраво, сепак го исфрлил од неговата исхрана.

Како и глутенот, млекото може да предизвика воспаление и дигестивни проблеми кај многу луѓе. За Новак оваа промена го подобри варењето и помогна во решавањето на респираторните проблеми, а позитивно влијаеше и на неговата издржливост на теренот.

Шеќер

Друга храна која е строго забранета во куќата на Ѓоковиќ е - шеќерот. Позната е анегдота за тоа како по освојувањето на Австралија опен во 2012 година сакал чоколадо и си дозволил само една коцка.

Секако, тоа не значи дека не консумира јаглехидрати – за ручек често јаде тестенини, но исклучиво без глутен. Тој всушност ги избегнува преработените шеќери кои се наоѓаат во бонбоните и газираните сокови.

Слатко на кое не може да одолее се урмите - богати со влакна и со низок гликемиски индекс (42), тие се одличен избор кога сакате десерт.

Во својата книга „Serve for Victory“ од 2013 година, Ѓоковиќ открива дека медот од Нов Зеланд е една од тајните на неговата исхрана. Секое утро јаде по две лажички со голема чаша вода на собна температура, а понекогаш ја користи и во текот на денот, дури и помеѓу сериите на натпреварите.

Медот Манука е познат по високата содржина на витамин Б комплекс, калциум, бакар, железо, магнезиум, калиум, натриум и цинк, пренесува Story.hr


Foto: printscreen/instagram