Новата винарија „Монтеко“ веднаш зад „Тиквеш“ по бројот на медали на влијателниот глобален натпревар International Wine Challenge (IWC)

Во исклучително силна конкуренција од целиот свет, македонските винарии освоија 14 сребрени и 17 бронзени медали на престижниот IWC (International Wine Challenge), кој е еден од највлијателните светски настани во оваа сфера, познат по ригорозните критериуми и комплетната непристрасност при оценувањето.
Посебно внимание привлекува успехот на винаријата „Монтеко“ која е присутна на пазарот само една година, а на овој настан се закити со три бронзени и три сребрени медали. Најголемата домашна винарија „Тиквеш“ пак доби најмногу медали - осум сребрени и 12 бронзени, „Стоби“ освои еден сребрен и два бронзени медали, а на „Камник“ му припадна еден сребрен медал. Додека сребрен медал освои и вино од приватна марка.
Со сребрени медали се закитија три вина на „Монтеко“ - белото „Темјаника“ и црвените вина „Мерло“ и „Вранец“, додека бронзи добија белото вино „Шардоне“ и црвените „Неро“ и „Филип“.
Производите на оваа нова винарија лоцирана во Кратово веќе стануваат признаени низ целиот свет и успеваат да се носат „рамо до рамо“ со оние на познатите светски винарии. Со тоа „Монтеко“ полека и сигурно се искачува на високите позиции во екстремно компетитивниот и квалитетен вински свет.
ПР објава