НОВИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И СНЕГ НИЗ МАКЕДОНИЈА - температурите до 15 степени, еве какво време не очекува на почетокот од неделата

Нов влажен бран ќе ја зафати нашата земја денес и утре, најавуваат синоптичарите. 

- Под влијание на нов поголем влажен бран од запад и од северозапад денеска и во вторник во Македонија времето ќе биде претежно облачно и повторно поладно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат обилни, а поради падот на температурите на планините над 1300/1400 метри надморска височина ќе имаме врнежи од снег - најавува Славчо Попоски. 

На неговата „Метоаларм“ Попоски укажува дека за време на овој влажен бран локално повторно ќе наврне значително количество на воден талог (над 25 литри на метар квадратен дожд). Сето ова ќе биде проследено со умерен повремено засилен ветер од северен правец.

- И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе имаме повремени врнежи од дожд проследени со повремено засилен ветер од северен правец. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, а на околните повисоки планини ќе има повремени врнежи од снег.

Што се однесува до температурите, тие утре и во вторник (6/7 октомври) и понатаму ќе бидат потпросечни за овој период од годината и максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени, а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 10 степени - напоменува Попоски.

И од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат посвежо време со пообилни врнежи од дожд 

- Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h).

Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец - се посочува во објавата на веб страната на УХМР. 

За следните три дена најавуваат и понатаму променливо облачно време, намалување на облачноста и делумно стабилизирање најавуваат за во среда. 

Фото: Фактор