Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

За децата чоколадното млеко секогаш претставува најголема радост преточена во чаша, нема дете што не би посегнало по чоколадно млеко. А кај возрасните покрај задоволството на вкусен чоколаден напиток, уште и го има ефектот на будење спомени и враќање во детството. Како и да е, овој пијалак е омилен и неодолив за многу генерации, а во својот состав носи нутритивни и хранливи вредности кои имаат значајни придобивки за здравствената состојба.

Да започнеме од спојот на млекото со какаото, првото е неприкосновено во снабдување на организмот со протеини, а какаото, пак е најпознатиот антиоксиданс.

Тоа е основното што го добивате од чоколадното млеко, но понатаму придобивките се прошируваат од подобрување на расположението до сеопфатно влијание врз повеќе процеси во организмот.

Природниот состав на млекото е вода, но остатокот од тоа се протеини, јагленихидрати, масти, минерали како калциум, калиум, витамини и други хранливи материи. Неговата висока содржина на вода ги надополнува течностите и електролитите во организмот, што посебно се губат при вежбање или во лето.Исто така, протеините во млекото содржат сурутка и аминокиселини, коишто се многу важни за нормалното функционирање на човечкиот организам.


Чоколадното млеко значи внесување на моќните флавоноидни антиоксиданти, соединенија кои се состојка на какаото, а влијаат врз стимулирање на циркулацијата во крвните садови во мозочните центри за меморија и учење и поттикнување поголема активност. Од какаото, кое е главна состојка на чоколадното млеко, произлегуваат и други здравствени придобивки како намалување на воспаленија, подобрување на здравјето на срцето и мозокот, регулирање на шеќерот во крвта, контрола на телесната тежина. Какаото придонесува и за здрави заби и кожа.

Во чоколадното како и во обичното млеко, застапени се витамините А, Д и Б12 и минералите фосфор и калиум. Сето ова заедно, со основни хранливи состојки, помагаат во зајакнување на коските и градба на мускулите.

Уникатната мешавина на јагленихидрати и протеини присутна во чоколадното млеко, е идеална за закрепнување на изморените мускули. Така, чоколадното млеко земено во целост, со хранливоста и од млекото и од какаото, обезбедува важни хранливи материи и носи голема корист за здравјето. Покрај овие придобивки, чоколадно млеко нуди и моменти на вистинско уживање. Моја Кравица чоколадно млеко е вистинско уживање за секој ден, со богат чоколаден млечен вкус, направено од темно, млечно чоколадо и млеко - идеално за моменти на релаксација, за најмалите, во замена за десерт или за возрасните, како награда по напорниот ден.