Очила за сонце предизвикаа пожар во автомобил

Очилата за сонце предизвикаа пожар во автомобил во Англија. 

Пожарникарите предупредуваат да не се оставаат рефлектирачки предмети на сончева светлина во автомобил. 

„Сонцето е силно, но внимавајте дека може да предизвика пожар. Погрижете се да ги чувате рефлектирачките предмети подалеку од директна сончева светлина“, пишуваат пожарникарите на Фејсбук. 

Инцидентот се случил во саботата кога противпожарната и спасувачката служба на Нотингемшир одговорила на извештајот за пожар во 17.05 часот во саботата, јавува Би-Би-Си. Електронските уреди и спрејови не треба да се изложуваат на силно сонце, затоа што и тие можат да предизвикаат пожар.