Од портир до базен, сѐ „ќе гори“ од луксуз: Дадо Полумента и Дарко Лазиќ купија луксузни станови во ист комплекс, а што сè ќе има …(ФОТО)

Пејачот Дадо Полумента и неговиот помлад колега Дарко Лазиќ ќе бидат соседи во луксузен комплекс со капија во Нови Сад, дознава Телеграф.рс. Станува збор за новосадската населба Поповица, која се наоѓа на само четири километри од центарот на градот.

Полумента се огласи за медиумите и потврди:

- Тоа е точно. Зедовме имоти во истиот комплекс. Ќе бидеме соседи – изјави Дадо.

Овој затворен комплекс се простира на неверојатни 9.000 метри квадратни, кои се резервирани за станбени згради и кафеани, од кои дури 2.000 м2 се наменети за зелени површини. Апартманите се движат од 45 квадрати до 175 м2.

Комплексот опфаќа подземни гаражи, портир на влезот во населбата, патеки за пешачење и вежбање, како и 4 базени во населбата и 4 детски игралишта.

Сите жители на населбата ќе уживаат во прекрасните погледи од нивните станови, како и во свежиот воздух од падините на Фрушка Гора.

Фото:screenshot