Омилениот пијалак на Новак со кој го започнува денот: Тврди дека го намалува притисокот и холестеролот
Може да се јаде и сиров, но доколку не сте љубители на вкусот на овој зеленчук, можете да направите и сок. Тоа ќе влијае на телото исто толку добро
Општо познато е дека најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ многу се грижи за исхраната и здравјето. Сепак, многумина веројатно немаа поим дека секој ден го започнува со пиење посебен пијалак.
- Добро утро на сите. Ете, вака го започнувам денот. Прво земам топла минерална вода со лимон и лимета. Потоа гледам во фрижидер, каде што чувам зелени стебленца целер. Ги ставам во соковник на ладно цедење, за да добијам сок од целер - изјави еднаш Новак Ѓоковиќ.
- Овој сок е полн со минерали, сол и други неоткриени елементи кои го чистат вашиот црн дроб. Тоа прави чуда, и за мене и за мојата сопруга и за нашите деца. Додуша, не го земаат чист, туку со додавање на сок од краставица или јаболко – откри Новак.
Целерот содржи витамини К, Е, Ц и Б. Богат е со калциум и фолна киселина, а има силно диуретично дејство.
Може да се јаде и сиров, но доколку не сте љубители на вкусот на овој зеленчук, можете да направите и сок. Тоа ќе влијае на телото исто толку добро.
А еве што вели науката и спроведените истражувања.
Зошто целерот е толку добар и зошто треба да биде редовен дел од вашето мени:
Може да го намали крвниот притисок
Целерот содржи фталид, соединение кое го намалува производството на хормони на стрес, ги релаксира мускулите околу артериите и ја подобрува циркулацијата. Калиумот кој се наоѓа во целерот ќе го стабилизира отчукувањата на срцето и ќе го намали крвниот притисок.
Може да го регулира нивото на холестерол
Уникатното соединение бутилфталид помага во одржување на нормалните нивоа на холестерол, кои сите придонесуваат за добро функционирање на срцето.
Позитивно влијае на варењето
Целерот содржи соединение наречено NBP кое ја подобрува цревната циркулација.
Хидрира и помага при слабеење
Покрај тоа што е полн со вода и влакна, целерот има само 10 калории, што го прави совршен сојузник за витка линија.
Позитивно влијае на имунитетот
Целерот е многу богат со витамин Ц, а токму тоа го прави сокот од целер еден од најдобрите сојузници на силниот имунитет. Покрај витаминот Ц, супстанцијата кумарин е одговорна и за зачувување на одбранбената моќ на организмот.
Позитивно делува на кожата
Во случај да имате проблем со акни на лицето или воопшто со кожата, потребно е редовно да консумирате сок од целер, бидејќи тоа би можело да ви помогне да се изборите со овие проблеми.
Фото и Видео: Youtube