Oо муциња, па вие имате шестмесечна годишнина: Им пиша Весна Бејбе на Игор Џамбазов и Илина Арсова

Тие едноставно се атракција сами по себе, а заедно вистинска љубовна приказна.

Омилената двојка на македонската сцена денес прославуваат половина година откако се во љубовна врска.

Пред 6 месеци се спои неспоивото, се вљуби невљубивото, е реченицата со која шоуменот ја опиша врската со алпиниската.
Врска за која, поради активното споделување фотографии на социјалните мрежи, мислиме дека многу знаеме, а сигурни сме дека има толку многу работи кои ги чуваат само за себе, далеку од очите на јавноста.

Сепак, двојката несебично ги чести обожавателите со заљубени фотки, каде и како ги минуваат деновите, како се забавуваат, а нивната искреност е тоа што најмногу го цениме.

Им честитаа на Инстаграм многу познати наши личности меѓу кои и актерката Весна Петрушевска, со коментар: „Oо муциња, па вие имате шестмесечна годишнина“